ВИДЕО- Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Со инвестиција од 37,4 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп започна доасфалтирање на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп, од кои дел беа изградени пред повеќе години. Со ова се очекува подобрување на инфраструктурините услови во зоната и градење на нови фабрики и хали, пред се од домашните инвеститори. Се афалтираат скоро 1 км улици и од двете страни ќе имаат по 2 метар широк тротоар.

„Неколку од парцелите имаат некој спор, работиме на отстранување на спорот и потоа да се обезбеди непречено градење на нови индустриски капцитети. Има 10-тина капацитети тука зо зоната со околу 1.000 вработени. Очекуваме со завршување на градежните работи дека ќе ги предизвикаме и оние инвеститори кои запреле во одредена фаза, а купиле државно земјиште за да градат одредени свои објекти, се надеваме дека и тие ќе продолжат и понатаму со своите активности, а како што кажав преземаме мерки за да се надминат некои проблеи кои ги има продолг период“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 

„Проектот е предвиден да се реализира во 3 дела. На еден дел има промена на атмосферска канализација, на друг има промена на фекалната канализација со кој пто би се решил овој проблем што сите го знаеме кој што го има на влезот на самата индустриска зона, и третиот дел е градежно конструктивниот прокет кој опфаќа асфалтирање, рамници и предвидено е ново улично осветлување по цела должина на зоната“, додаде Владимир Христоски, раководител на одделение за локални улици и патишта.

Според планираната динамика проектот треба да заврши во месец септември и зоната Металец да добие комплетно урбано средување.

„Се работи на оска еден на квадратура од околу 3.200 м2 која што е започната како прва фаза од изведбата. На изведбата и претходеше нова инфраструктуран мрежа, нови рамици, ширење на коловоз од 7 метри и асфалтирање во два слоја. Прв слој со дебелина од 9 цм, и втор слој со дебелина како заврпен слој од 4 цм. Во однос на динамиката за работа согласно договорот нашиот проект треба да заврши кон крајот на септември. Па така и сите градежни активности согласно овој договор од оваа фаза 1 или фаза 2 долу кај металната конструкција на Металец би требало да зваршиме кон средината на септември, комплет со уредвање на сите инфраструктурни детали кои се предвидени согласно проектот и тендерот“, рече Филип Иваноски, изведувач на градежните активности.

Според планот на Општината тука во зоната Металец се предвидува и израградба на мол, односно трговски центар, на просторот од старата метална конструкција на фабриката Металец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми