Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
За трговскот центар кој што го ветивме кај старата хала на Металец во Прилеп, во предизборнтаа програма, разговарам на дневна основа до директорката на УЈП, од нив очекуваме проценка на движните ствари кои се на парцелата, ќе направиме анализа дали металната конструкција вреди да се задржи како конструкција или не вреди, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
„Понатаму истражуваме дали за оваа конструкција има преземено некакви акти во минатото. Ова е поприлично стара изградена конструкција, да видиме ако обезбедиме документација да се искористи, ако не е тоа возможно во ред, само ја чекаме проценката. Не можам да дадам рок, но ова ветување беше за рамка од 4 години. Но ќе си дозволам да кажам дека до мене стигнаа уште две нови иницијативи за формирање на такви трговски центри во Општина Прилеп и се надевам дека до крајот на мандатот Општина Прилеп ќе има три затворени трговски ценри, најмногу во Македонија“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп“, додаде Проданоски.