ВИДЕО- Започна предврeмениот откуп на тутун, се откупува само во прва класа по цена од 435 денари за килограм

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Започна предврeмениот откуп на тутун кој што во моментов се откупува целиот во прва класа по цена од 435 денари за килограм. Тутунскиот комбинат Прилеп започна со 34 ваги за откуп, а само утринава се имаа откупено над 6 тони на тутун. Вкупно на ниво на држава 4 откупувачи од 10 пријавени започнаа со откуп. Тутунски комбинат Прилеп планирал да откупи 2,6 милиони килограми на тутун.

„Ќе предложиме ново решение односно зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари од причина што сакаме да излезиме во пресрет на поголем дел на тутунари и земјоделци кои го предаваат својот тутун, односно ќе предложиме измени во самата програма, основната мерка и зелената нафта да бидат укинати, но затоа тутунопроизводителите да добијата дополнитечни 10 денари субвенција на тутунот“, рече Борче Серафимовски, министер за земјоделство.

 

„Започнавме со откуп на 34 откупни пунктови, фактички ги отворивме сите откупни центри низ целата држава. Во моментов има голема заинтересираност од страна на тутунарите, барем во овој пункт тука во градот. Ви последните 3 години наметнавме една практика каде исплаќавме 2 пати неделно, во вторник и во петок, така што секој едне кооперант кој го предал тутунот, за 2-3 дена ги добива парите“, изјави Александар Алексовски директоктор на Тутунски комбинат Прилеп.

 Од Сојузот на тутунски здруженија очекуваат над 96% од целата реколта да биде откупена во прва класа.

„Сето ова се должи на исплатливоста на самата култура. Самата цена кажува дека тутунот е со добар квалитет. Штом се откупува во прва класа 435 денари тоа е за 20-тина денари плус од лани. Така што неслучајно се зголемува бројот на хектарите, на кооперантите и на очекуваните килограми“, додаде Кире Ристески, шпретседател на Сојуз на тутунски здруженија.

 Тутунарите некои задоволни со откупната цена, други пак очекувале повисока.

 „27 картони предадов, убаво помина, цената можеше да помине малку повисоко, но сум задоволен. Цената моментална е 435 денари за прва класа, а овде се поминува како прва“, рече еден тутунопроизводител.

 

„435 е за прва класа, 370 за втора и 305 за трета класа, не сум башп задоволен од цените, но не можам сам да кажам“, додаде друг производител на тутун.

 

„За нас цената не е баш многу висока, но што ќе дадат тоа, мораме да садиме затоа што со една пензија не се преживува само“, кажа друга производителка на тутун.

 Се очекува до 1 декември сите откупни пунктови на ниво на држава да бидат отворени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци