ВИДЕО- Започна реконструкцијата на спортските и детски игралишта во населбата Точила во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Започна реконструкцијата на спортски и детски игралишта во населбата Точила во Прилеп. Инвеститор е Министерството за млади и спорт, а ќе бидат реконструирани три игралишта, за фудбал, кошарка и одбојка. Хортикултурно ќе биде уреден целиот простор, а ќе бидат ставени и нови детски реквизити и играчки во делот за најмалите.

„Со тоа го одржуваме зборот дека Министерството посветува внимание во секоја општина не само да се реконструираат овие терени, туку и младите да имаат катче каде ќе може да се рекреираат и да прават голем број активности од секој домен на спортот“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 Според новиот градоначалник на Прилеп Проданоски,  ова ќе биде еден од најубавите спортско рекреативни комплекси во Прилеп и дека ова било само доказ дека во иднина Владата планирала да вложи повеќе средства во овој град за подоврување на квалитетот на живот во сите сфери од живеењето.

 „И за ова сакам да ја пофалам и Владата и министерството за спорт и заложбата на сите министерства, а ние цело време во кампањата зборувавме дека особен интерес цела Влада ќе има кон Прилеп и развојот на градот. Значи во следниот период очекувајте многу повеќе проекти од ова што сега го имаме“, додаде Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.

 Во состав на овој спортско рекреативен комплекс ќе биде изградена и фитнес зона.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми