
Во организација на Велосипедскиот клуб „ХЕРОЈ“ од Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија викендов се одржа првата велосипедска трка насловена како „Трофеј Прилеп”. Трката беше кружна, а велосипедистите стартуваа на булеварот „Гоце Делчев” од пред споменикот Александар III Македонски и се движеа во правец на кружен тек кај Основниот суд, каде што се врти лево по ул. „Димо Димоски – Наредникот”. Потоа продолжуваа со возење до „Кеј 9-ти Септември”, каде се вртеа лево се до раскрсницата со ул. „Кузман Јосифоски”, каде повторно се врти лево. На кружниот тек пред домот на културата „Марко Цепенков” вртеа десно по булевар „Гоце Делчев” се до кружен тек “Карпалак”, од каде повторно се враќаа назад по булеварот „Гоце Делчев“.
Погледнете како изгледаше атмосферата на оваа трка во продукција на Инфо Компас.