ВИДЕО- Земјоделците незадоволни од понудените 9,5 ден. за јачменот, државата ќе ги плати трошоците за складирање се до постигнување подобра цена

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Земјоделците не се задоволни од понудената откупна цена за јачменот од 9,5 денари по килограм, каде освен оваа сума откупувачите им нудат и вклучен превозот како и платен данок од 5% . Но земјоделците велат дека јачменот според нив не треба да биде помалку од 13 денари. Како помош во овој момент државата им понудила дека ќе им го плати складирањето на земјоделците на јачменот кои сакаат да чекаат подобра цена. Се надеваат дека тоа ќе им помогне се до моментот кога ќе добијат фер и реална цена од страна на откупувачите.

„Министерството за земјоделие си зема за обврска сите производители на јачмен кои имаат вишок на јачмен да не го предаваат јачменот туку да го складираат во капацитетите за складирање, каде што Министертсвото ќе ги плати сите трошоци по основ на тоа складирње. Исто така и од минатата година не се исплатени тие трошоци за складирање, Министерството си зеде за обврска веднаш да ги плати тие заостанати трошоци“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци и фамери на Македонија.

Во тек биле и преговори со Министертсвото за земјоделство за добивање на плус субвенции по килограм јачмен, но за која цена засега станува збор не сакаа да откриваат затоа што преговорите биле во тек. А за кратко време требало да започнат и преговорите за цената на пченицата. И тука ќе се барало помош од државата во доплата по килограм од понудената до цената прифатлива за земјоделците.

„Сигурно дека за пченицата разликата ќе ја бараме од Владата. Министерот за земјоделство е наш претставник, заедно со министерот и ние како производители ќе одиме да разговараме и да дојдиме до заедничко решение за да не бидиме ние као производители секоја година оштетени“, додаде Стојкоски.

На Македонија годишно и требаат околу 360.000 тони за да ги задоволи своите потреби, а произведуваме како држава само околу 230.000 тони. Овие 130.000 тони Македонија за жал никако да ги постигни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци