ВИДЕО- Злоупотреба на општински ресурси, опрема, возила и простории за партиски цели регистрирани и за овие избори

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Злоупотреба на јавни простории, училишта и други канцеларии за партиски собири и средби, употреба на државни и општински возила за партиска намена, присуство на актуелни градоначалници и јавни службеници на партиски средби, злоупотреба на општински веб страници, како и официјални општински профили на социјалните мрежи за објава на партиски настани. Ова само дел од злоупотребите кои досега се утврдени со проектот „Надзор на терен потенцијална злоупотреба на административни ресурси на локално ниво“.

„Иновативноста на овој проект е токму во тоа што на сите митинзи, на сите партиски средби, во сите општини ќе се користат докази, фотографии, видеа, веб страни или линкови од социјални мрежи кои што  ќе ги објавуваат политичките партии за да сето тоа да може да биде документирано и основано. Проектот завршува на 15 ноември, мора да се почека и вториот круг да заврши, а првите извештаи се очекува да бидат спремни пред Нова Година“, истакна Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Фото и видео документација се прави од сите настани каде што може да има злоупотреба на општински ресурси за партиски цели.

„Се следат отворање на инфраструктурни проекти и други настани, се следат и културните манифестации и тоа различни видови на концерти, организирани од страна на општината, фестивали и изложби, како и спортски активности и натпревари кои што се организирани од локалните институтции, најпрво се присуствува на настаните и се идентификуваат користените ресурси, дали се користат јавни простории, возила и персонал од општините, а понатаму се регистрира дали овој настан се користи за партиска промоција“, додаде Талија Петреска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Проектот се спроведува во 25 општини, од страна на обучени акредитирани набљудувачи од страна на ДИК, како што се од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, а истиот финансиски е поддржан од Меѓународна фондација за изборни реформи ИФЕС.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми