Инфо Компас започнува со серија на интервјуа со кандидатите за градоначалници на Прилеп и нивно претставување пред граѓаните. Во ова издание на емисијата Инфо Регион гостин ни беше Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Еве дел од неговите ветувања и програма која тој ја претстави во емисијата:
- Зголемена соработка со НВО секторот
- Донесување на нов ГУП во рок од 24 до 36 месеци
- Измена за текстуалниот дел на сегашниот ГУП-от за да нема пречка за итно издавање на градежни дозволи уште првите денови по изборите
- Нова сообраќајна студија за Прилеп, со современи сообраќајни решенија
- Рекомпонирање на буџетот со зголемување на приходната страна
- Решавање на сите прашања кои се ставале досега под тепих
- Поддршка за земјоделците
- Заложба Прилеп да добие повеќе пари од концесиите за рудници
- Изградба на Обиколница ИСТОК од рудниците до Заполшки мост
- Изградба на Обиколница ЗАПАД, поврзување на патот од кај старата Млекара, со ул. Леце Котески и од тука со патот за Лагово кај БИМ ФУД
- Растеретување на камионите од градскиот сообраќај и заштита на граѓаните и улиците
- Повторно осветлување на тврдините на Марковите Кули
- Воведување на системот „Безбеден град“ сами како Општина со поставување на 200 камери
- Создавање на ново јавно претпријатие со кадар од постоечките ЈП кое ќе ги врши зимско одржување на улици, одржување на уличното осветлување, тековно одржување на улици, санирање на дупки, поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, со тоа парите што сега се даваат по приватни компании ќе останат во општината
- Отворање на сите спортски објекти и сали во Прилеп
- Голема помош за Победа да опстои
- Нов Фестивал на Мајтапот
- Музички фестивал во Амфитеатарот на Прилеп
- Голема поддршка на младите и занаетчиството
- Започнување со инфраструктура за населбата „Градина“
- Изградба на парк од 14.000 м2 во населбата „Градина“
- Изградба на спортскo-рекреативен парк околу езерото Волково на површина од 30.000 м2
- Доизградба на пешачки и вело патеки во паркот околу вештачкото езеро
- Старата хала од „Металец“ ќе стане современ трговски мол