Инфо Компас продолжува со серијата на интервјуа со кандидатите за градоначалници на Прилеп и нивно претставување пред граѓаните. Во ова издание на емисијата Инфо Регион гостин ни беше Петра Лукароска, кандидат за градоначалник за Прилеп од СДСМ и коалицијата.

Еве дел од нејзините, ставови, ветувања и програма која таа ја претстави во емисијата:
- Направивме анализа во СДСМ и ги увидовме нашите грешки во минатото
- Граѓаните бараат повеќе комуникација со нас, поголема отчетност и транспарентност
- Ги слушнавме желбите на граѓаните, особено на младите, ги преточивме во нашата програма и сега со неа настапуваме
- Освен со пари од општината ние планираме да ги реализираме проектите и со европски фондови, јавно-приватно партнерство
- Ветуваме безбеден и функционален јавен простор
- Чиста и здрава животна средина
- Општина по мерка на граѓаните
- Младите во фокусот
- Чистење на дивите депонии
- Решавање на проблемот со кучињата скитници
- Социјални мерки: помош на млади за отворање на сопствен бизнис, помош за самохрани родители, помош за полагање на возачки испит до 10.000 денари, субвецнии за жени земјоделки
- Изградба на Младински културен центар
- Средства за менструална хигиена за девојките од средните училишта
- Најголема причина за иселувањето на младите е партиската припадност при вработувањето, што во иднина тоа нема да биде така
- Да го направиме Прилеп град каде младите ќе сакаат да останат, а тие кои заминале да се вратат назад
- Нема да има поделба по партиски клуч
- Јавните претпријатија никогаш не биле во полоша состоја, нивниот долг во моментов изнесува 2 милиони евра
- Финансиска ревизија на јавните претпријатија и одговорност доколку има финансиски злоупотреби
- Образовниот систем во Прилеп да биде насочен според потребите на пазарот на труд и компаниите
- Донесување на нов ГУП за Прилеп
- Паркинг простори на 2 платформи над Градската река
- Изградба на парк Топташ Скајлајн за рекреација кој ќе се простира на 1 милион м2
- Реконструкција и обвнова на планинарскиот дом „Дервен“
- Изградба на асфалтиран пат околу новите градски гробишта и современ паркинг простор
- Изградба на нови вело патеки низ градот
- Акции за пошумување, со засадување по 2.000 садници годишно
- Поставување на соларни панели за производство на струја на по 5 општински објекти секоја година
- Рестартирање на Јавното претпријатие за енергетика кое би управувало со таа произведена електрична енергија
- Во училиштата ќе се формираат еко тимови и ќе се работи на менталното здравје на учениците
- Се што е започнато од моите претходници ќе биде завршено, нема поделби на мои и твои проекти за кои дале народни пари