ВИДЕО – Интервју со Петра Лукароска, кандидат за градоначалник за Прилеп од СДСМ и коалицијата


Инфо Компас продолжува со серијата на интервјуа со кандидатите за градоначалници на Прилеп и нивно претставување пред граѓаните. Во ова издание на емисијата Инфо Регион гостин ни беше Петра Лукароска, кандидат за градоначалник за Прилеп од СДСМ и коалицијата.

Еве дел од нејзините, ставови, ветувања и програма која таа ја претстави во емисијата:
  • Направивме анализа во СДСМ и ги увидовме нашите грешки во минатото
  • Граѓаните бараат повеќе комуникација со нас, поголема отчетност и транспарентност
  • Ги слушнавме желбите на граѓаните, особено на младите, ги  преточивме во нашата програма и сега со неа настапуваме
  • Освен со пари од општината ние планираме да ги реализираме проектите и со европски фондови, јавно-приватно партнерство
  • Ветуваме безбеден и функционален јавен простор
  • Чиста и здрава животна средина
  • Општина по мерка на граѓаните
  • Младите во фокусот
  • Чистење на дивите депонии
  • Решавање на проблемот со кучињата скитници
  • Социјални мерки: помош на млади за отворање на сопствен бизнис, помош за самохрани родители, помош за полагање на возачки испит до 10.000 денари, субвецнии за жени земјоделки
  • Изградба на Младински културен центар
  • Средства за менструална хигиена за девојките од средните училишта
  • Најголема причина за иселувањето на младите е партиската припадност при вработувањето, што во иднина тоа нема да биде така
  • Да го направиме Прилеп град каде младите ќе сакаат да останат, а тие кои заминале да се вратат назад
  • Нема да има поделба по партиски клуч
  • Јавните претпријатија никогаш не биле во полоша состоја, нивниот долг во моментов изнесува 2 милиони евра
  • Финансиска ревизија на јавните претпријатија и одговорност доколку има финансиски злоупотреби
  • Образовниот систем во Прилеп да биде насочен според потребите на пазарот на труд и компаниите
  • Донесување на нов ГУП за Прилеп
  • Паркинг простори на 2 платформи над Градската река
  • Изградба на парк Топташ Скајлајн за рекреација кој ќе се простира на 1 милион м2
  • Реконструкција и обвнова на планинарскиот дом „Дервен“
  • Изградба на асфалтиран пат околу новите градски гробишта и современ паркинг простор
  • Изградба на нови вело патеки низ градот
  • Акции за пошумување, со засадување по 2.000 садници годишно
  • Поставување на соларни панели за производство на струја на по 5 општински објекти секоја година
  • Рестартирање на Јавното претпријатие за енергетика кое би управувало со таа произведена електрична енергија
  • Во училиштата ќе се формираат еко тимови и ќе се работи на менталното здравје на учениците
  • Се што е започнато од моите претходници ќе биде завршено, нема поделби на мои и твои проекти за кои дале народни пари

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира