ВИДЕО- Како до подобри социјални и здравствени услуги во Западен Балкан, но и Австријците научиле нешто од нас

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Можностите за унапредување на социјалните и здравствените услуги, како и создавањето поквалитетни, поефикасни и подостапни услуги за граѓаните е целта на меѓународната конференција „Социјални и здравствени услуги – предизвици и можности“ која се одржува во Прилеп. Австрија, Црна Гора, Албанија, Србија и Македонија споделуваат искуства од овој сектор, но и ги поставуваат идните насоки како да се подобрат овие дејности.

„Според нашите анализи на терен најмногу што недостасува е соодветната здравствена грижа во домот, како да се намали оптеретувањето на здравствениот систем и со овие услуги на луѓето во домот да им се обезбеди посоодветна здравствена грижа“, изјави Марина Тошеска, Здружение за центар, развој и едукција Прилеп.

Но иако Македонија е далеку од Австрија во однос на давањето на овие услуги, сепак и Австријците научиле нешто од нас, како што се мултисекторискиот пристап.

„Кај нас во Австрија негата е една работа и ние тука научивме од Македонија дека негата не е само здравје, дека негата не е само сиромаштија, дека негата не е само решавање на проблеми, туку кај нас во Австрија за секоја од овие работи си постои посебна шина, а тука во Македонија видовме дека го имате тој мултисекторски пристап каде сѐ спаѓа под една капа. Она што го научивме е дека ние во Австрија имаме социјален систем кој е навистина многу, многу скапо, ние плаќаме многу високи даноци за да го одржуваме тој социјален систем и она што го научивме од тука е дека би можел тој да биде малку поефикасен“, истакна Штефан Нидермосен, извршен директор на невладина организација од Австрија.

Како што старее населението и демографските промени Европа се повеќе ќе се соочувала со недостиг од нега, а се предлага и дел од зравствените услуги граѓаните да ги добиваат во домовите за да не се оптеретуваат здравстевните установи.

„Има структурни предизвици, многу пациенти кои се на лечење во болница би можеле да бидат лекувани и да примаат домашно лекување со соодветна поддршка и персонал. Во Европа зборуваме дека ќе се соочуваме со една криза на негата, надлежните луѓе мислам дека сеуште не се ни свесна за обемот, колку голема ќе биде таа криза кој нѐ очекува. Важно е Северна Македонија да биде подготвена за влезот во ЕУ, за во иднина за кога ќе бидат достапни сите тие европски фондови таа да може и да биде подготвена да ги апсорбира“, додаде Харалд Бреза Фугер, аташе за социјални работи од Австрија во Македонија

Конференцијата во Прилеп ќе трае два дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци