ВИДЕО – Китанов : Годинава ќе се реконструираат 8 км. од патот за Мариово

 

Патот до Мариово е во должина од 24 километри, оваа година е предвидено да се сработат 8 километри, во ширина од 5 метри. Ова денеска го истакна Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

 

 

„Исто така, во март месец ќе излезат тендерите за Кривогаштани – Демир Хисар, излезе веќе Кичево – Македонски Брод, Демир Хисар – Крушево, значи целата таа регија ќе биде нападната и сите тие тендери ќе течат во март и април, а бидејќи се проектираа година дена и сега ги доставуваат, денес објавивме 2 во Источна Македонија, а завчера се објавија 4, меѓу кои е и Кичево – Македонски Брод“, додаде Китанов.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира