Покрај параглајдерството и змајарството Крушево полека станува центар за развој и на други видови алтернативен туризам. Природата тука нуди неограничени можности за развој и практикување на различни видови адреналински спортови.

Се трасираа голем број патеки за планински велосипедизам низ целата околина на Крушево. Се одржуваат организирани рекреативни тури, но патеките секојдневно се користат и од поединци или мали групи велосипедисти кои уживаат во овој крај. Исто така се одржуваат и трки низ коријата. Како за сениори, кадети така и за јуниори
Крушево нуди одлични можности и за планинарење. Природата тука овозможила љубителите на овој спорт да уживаат во секој свој чекор. Шумски пространства, планински врвови, недопрена природа и предели.
Крушевското вештачко езеро е посебна приказна која секоја година исто така привлекува голем број туристи. Тука може да пливате или да уживате во возењето на кајак или SUP даска
Секоја година се одржуваат и превенства во спортски риболов. Како и државен пливачки маратон. Покрај езерото има определено кампинг простор каде може да ги поставите вашите шатори.
Во непосредна близина е и коњичкиот клуб каде може да уживате во јавање на коњи. Крушево нуди можност и за развој на биатлон спортот, како во лето така и во зима. Тука секоја година се одржува и улична трка на 5 км. низ крушеските улици и околу езерото која завршува на Гумење.
Посетете го Крушево и уживајте во еден од многуте алтернативни спортови кои ги нуди овој град. Прекрасна природа и предели какви што нема да најдете на ниту едно друо место.
Природата заедно со урбаната средина се перфектна комбинација за одличен одмор, викенд или еднодневна прошетка.