ВИДЕО- Крушевската традиционална кујна, уште еден препознатлив бренд на овој град

Крушево како и секој град или регион во Македонија си има своја специфична традиционална кујна и храна. Секој оној кој што ја пробал останал восхитен од неа. Вкусна, уникатна, единствена, приготвена со многу љубов.

Ако сте во Крушево обавезно посетете некој од локалните угостителски објекти и во никој случај немој да ја прескокнете. Крушевската традиционална кујна е уште еден препознатлив бренд на овој град:

  • Крушевска тава – типично јадење од месо, помешано со компири, кромид, пиперки и зачини, приготвено во глинен сад и печено во фурна.
  • Крушевски кебапи – стар рецепт од чисто телешко месо, често се нарекуваат и комитски кебапи, а тука е и комитската плескавица.
  • Крушевскиот колбас пак е еден од најпознатите во државава.
  • Турли тава – сезонско јадење со различен зеленчук и месо, спремено во тава на традиционален начин.
  • Сарма од лозов лист или сторена, кисела, зелка.
  • Крушевска пита – традиционално домашно тесто полнето со овчо или кравјо сирење, печено во фурна.
  • Крушевски питулици, од кои најпознати се оние со лук, а исто така се превкусни и оние со сирење.
  • Тука се и благите рецепти. Од нив најпозната е крушевската турта, а тука се и целувките и локумот.
  • Едни од крушевските специјалитети се и благите крофни, рецепт стар повеќе од 1 век, кој во Крушево дошол од Европа меѓу првите градови кај нас

Крушевската превкусна кујна е само уште една од коцките вклопени во мозаикот на убавини кои ги поседува ова место

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира