Хуманоста е света работа, колку човек повеќе ја има во себе толку е поблиску до високите човечки вредности. Затоа ОК на ВМРО ДПМНЕ ги чува и ги воздигнува овие човечки вредности, рече на денешната прес конференција Билјана Кузманоска, претседателка на Унија на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Денес Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп организира хуманитарна акција при што ќе донира училишен прибор на ученици од социјално загрозени семејства во руралните средини.
Со оваа хуманитарна акција ќе бидат поделени 20 пакетчиња, секое во вредност од околу 1.000ден со тоа што сакаме симболично да помогнеме во стартот на учебната година.
Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП упатува остра критика до владата на СДСМ и ДУИ поради тоа што не покажаа соодветно внимание кон образованието и направија тотален хаос во образовниот систем, а никој од власта не се грижи за овие пропусти.
Согласно фактот што ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што е во опозиција секогаш излегува во пресрет и помага на сите граѓани.
На крајот изразувам огромна благодарност до членството на ВМРО-ДПМНЕ кое со свои донации ни овозможи да набавиме прибор за децата од ранливите категории“, вели Кузманоска.