Настанот „Млеко 2026“ со тематика „Корени и трпеза : Руралната жена денес“ кој викендов по 5-ти пат се одржа во Прилеп во организација на SLOW FOOD PRILEP само уште еднаш потврди колку е важно во иднина да се зајакнуваат врските помеѓу купувачите и самите производители без да има посредници на таа релација. Купувачот знае што купува, ги познава производителите, може да го проба производот, а со тоа се гради и онаа доверба која во иднина треба малите земјоделски стопанства да ги издигне на пиедесталот на оваа гранка во Македонија.
„Да се доближиме и до потрошувачите, да бидат видливи и производителите. Да го афирмираме населението, да го научиме да купува здрава храна, сметајќи дека во овој момент пазарот е повеќе преплавен со вештачка храна, така да, да го доближиме начинот на производство до потрошувачите, од каде потекнува здравата храна, како таа се преработува, како се изработува, за да утре другиден да можат и тие да ја конзумираат“, вели Филип Петкоски, лидер на SLOW FOOD PRILEP.
Се одржа и панел дискусија за агро-екологија и женско претприемништво, а се одржа и обука за жените за социјални мрежи, дигитални алатки и АИ, кои би ги користеле понатаму во своето производство и продажба за да бидат попрепознатливи и поконкурентни на пазарот.
„Граѓаните имаат доверба во производителите, сакаат да купуваат домашно прозиводство, меѓутоа некои од граѓаните прес се сметам дека се уште гледаат да купат нешто поевтино, а не нешто поквалитетно. Затоа и ги организираме овие настани, да ги афирмираме дека можеби нештото е за нијанса поскапо, но е далеку поквалитетно од тоа што го купуваме по маркетите. Таму пред се е со пестициди и други работи“, додаде Петкоски.
Сличен настан од ваков тип SLOW FOOD PRILEP треба да одржи околу Новогодишните празници.