ВИДЕО – Лукареска: Нулта толеранција за насилство врз жените и девојките

Форумот на жени на ОО СДСМ – Прилеп се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“, која по тој повод започна на 25 ноември, изјави на денешната прес конференција Петра Лукареска – координатор на Форум на жени, ОО СДСМ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Со денешниот настан јасно порачуваме дека нема оправдување за било каква форма на насилство врз жените.

 

Нашите заложби се за градење на фер, праведно и еднакво општество, базирано на принципите на родова еднаквост и рамноправност во секој сегмент од живеењето.

 

Цврсто и одлучно стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките, во било каква форма и да се случува: физичко, психичко, сексуално, вербално…

 

Во тој правец, Владата предводена од СДСМ ги превзеде следниве мерки за спречување на насилство врз жените:

 

– Усвоен е Националниот акциски план за имплементација на истанбулската конвенција.

 

– Изготвен е предлог закон, кој ќе ги опфати сите форми на родово базираното насилство.

 

– Министерството за труд и социјална политика одвои 6.400.000 денари за имплементација на конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртвите од родово-базирано насилство.

 

– До крај на 2019 година се отвораат вкупно 10 сервиси за жртвите, отворена СОС линија, кризен центар, шелтер центар за сместување до 6 месеци и советувалиште со психосоцијална заштита.

 

– Со новиот закон за абортус и’ го вративме правото на жената да одлучува за своето тело.

 

– Oтворени се 3 центри за жртви од сексуално насилство.

 

Почитувани, убедени сме дека чекориме на прав пат и градиме еднакво општество за сите, каде жената се чувствува сигурно и моќно и заедно со мажот чекори во подобра иднина“, реле Лукареска.

 

  

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира