Во режија на ВМРО-ДПМНЕ, во градот на театарот, Прилеп, синоќа се одигра срамна партиска претстава каква не паметат ниту најдоследните хроничари на политичките збиднувања во градот. Трагикомедија без преседан – Христијан Мицкоски, премиерот чија Влада за само една година ги задолжи граѓаните на Mакедонија за фрапантни 7 милијарди евра, синоќа зборуваше за економски раст, изјави на денешната прес конференција Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
ПЕТРА ЛУКАРОСКА: „Црвен картон“ за Владата – прилепчани одбија да присуствуваат на срамната партиска претстава на Мицко и ДПМНЕ
Почитувани граѓани,
Во режија на ВМРО-ДПМНЕ, во градот на театарот, Прилеп, синоќа се одигра срамна партиска претстава каква не паметат ниту најдоследните хроничари на политичките збиднувања во градот.
Трагикомедија без преседан – Христијан Мицкоски, премиерот чија Влада за само една година ги задолжи граѓаните на Mакедонија за фрапантни 7 милијарди евра, синоќа зборуваше за економски раст!
Истиот тој Мицкоски бесрамно лажеше за виртуелниот раст на платите на работниците, додека во исто време генералниот Директорат на Европската Комисија, Евростат, укажува на драматичен пад на животниот стандард и на висината на работничките плати. Не во некоја друга земја, туку овде кај нас, во Македонија.
Мицкоски не собра храброст да проговори за корупцијата во владините институции како главна причина за кочанската трагедија, за енормното финансиско задолжување на неродените генерации Македонци, за “дивеењето“ во дивото градење и мафијашките пресметки во главниот град.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ молчеше и за пустошењето на Прилеп од страна на неговите сопартијци. За лажните изборни ветувања. За дивоградбата во центарот на градот наречена „зграда на Општина Прилеп“. За криминалот во општинските јавни претпријатија. За сушењето на тутунот на нивите во плодното Прилепско поле.
Господа од ДПМНЕ, ниту вашиот традиционален „партиски туризам“ практикуван со ангажирање автобуси од другите градови, не ја замаскира тажната слика од полупразниот плоштад.
Неприсуството на прилепчани на вашиот бесмислен настан, како и лавината негативни реакции и коментари на вашите партиски портали, го потврдуваат она коешто граѓаните се’ почесто и се’ погласно го кажуваат: дека и општината, и државата ја води најнеспособната и најкорумпирана власт која Прилеп и Македонија досега ја виделе!
Posted by Сектор Комуникации Прилеп on Четврток, 26 јуни 2025
„Истиот тој Мицкоски бесрамно лажеше за виртуелниот раст на платите на работниците, додека во исто време генералниот Директорат на Европската Комисија, Евростат, укажува на драматичен пад на животниот стандард и на висината на работничките плати. Не во некоја друга земја, туку овде кај нас, во Македонија.
Мицкоски не собра храброст да проговори за корупцијата во владините институции како главна причина за кочанската трагедија, за енормното финансиско задолжување на неродените генерации Македонци, за “дивеењето“ во дивото градење и мафијашките пресметки во главниот град.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ молчеше и за пустошењето на Прилеп од страна на неговите сопартијци. За лажните изборни ветувања. За дивоградбата во центарот на градот наречена „зграда на Општина Прилеп“. За криминалот во општинските јавни претпријатија. За сушењето на тутунот на нивите во плодното Прилепско поле.
Господа од ДПМНЕ, ниту вашиот традиционален „партиски туризам“ практикуван со ангажирање автобуси од другите градови, не ја замаскира тажната слика од полупразниот плоштад.
Неприсуството на прилепчани на вашиот бесмислен настан, како и лавината негативни реакции и коментари на вашите партиски портали, го потврдуваат она коешто граѓаните се’ почесто и се’ погласно го кажуваат: дека и општината, и државата ја води најнеспособната и најкорумпирана власт која Прилеп и Македонија досега ја виделе“, рече Лукароска.