ВИДЕО- Лукароска: Сега е време сите заедно да му го вратиме изгубеното достоинство и местото кое му припаѓа на Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Стојам тука пред вас со гордост, со емоција и со јасна порака – Се бориме за нашиот дом! Прилеп е нашиот дом! Нашиот град, нашата гордост, нашата иднина. Сега е време сите заедно да му го вратиме изгубеното достоинство и местото кое му припаѓа,рече Петра Лукроска, кандидат за градоначалник на Прилеп, од СДСМ.

„Се бориме за дом во кој секој граѓанин е важен. Се бориме за град во кој институциите не се затворени, туку отворени за народот. За градоначалник што ќе слуша, што ќе биде достапен, чесен и одговорен. Да, инфраструктурата е важна – нови улици, водоводи и канализации, уредени паркови, урбанизирани населени места. Но пред сè во центарот на нашата програма е граѓанинот. Човекот е тој што го прави градот жив. Затоа инвестираме во луѓето – во младите, во семејствата, во лицата со попреченост, во секој што е спремен да придонесе за својот град.

Создаваме услови за нови работни места, за културата, спортот и образованието. Заедно да изградиме Прилеп за кој секој ќе може да каже: „Ова е мојот дом, тука ја гледам својата иднина!“

Драги пријатели,

Зад мене стои тим кој го сака својот град, кој носи љубов за своите сограѓани. Тим кој има храброст да преземе одговорност, тим кој знае и може зборовите да ги претвори во дела. Ние не ветуваме невозможни работи – ветуваме посветеност, транспарентност и работа со срце.

Јас сум Петра Лукароска, и верувам во Прилеп, верувам во вас, и знам – заедно ќе победиме! Затоа на 19 октомври да го направиме вистинскиот избор – за обединување, за работа, за развој. Да го заокружиме број 5 за Петра Лукароска за градоначалник! Број 5 за кандидатската листа за советници на СДСМ и Коалицијата! Број 5 за Прилеп да оди напред!

Се бориме за нашиот град – за секое маало, секое семејство, секој граѓанин! Се бориме за нашиот дом“, вели Лукароска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци