Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
На само 2 км. од манастирот Свети Спас кај Крушево се наоѓа манастирот посветен на Свети Василиј Велики. До него патот не е асфалтиран, но сепак се стигнува и со автомобил, не е потребно да се има исклучиво теренско возило. Во минатото тука се наоѓало селото Трстеник кое е запалено за време на Илинденското востание.
Она што знае дека селото било прво во подножјето на планината. Меѓутоа поради напади и пљачкосувања селото е преместено на самата падина од планината и тука е изградена селската црква Св. Василиј. Според една плоча во црквата, која е пронајдена при обновата, старата црква е осветена некаде во 80тите години од 19 век.
Според конзулските извештаи при напредувањето на аскерот кон Крушево запалено е селото Трстеник и црквата Св. Василиј. Камен темелник за обнова на црквата е поставен на 1 октомври 1995 година во формата во која денес ја знаеме и таа се претвора во манастир.
Во иконостасот на црквата се поставени дел од дрвените резбарени столбови од иконостасот на црквата Свети Никола во Крушево. Црква која била запалена за време на Илинденското Востание.
Манастирот има 2 слави, на 14 јануари Свети Василиј или Стара Нова година и на 9 мај кога се празнува Свети Василиј Алмасиски. Сегашната црква е осветена на 10 мај 2008 година.
Моментално манастирот има неколку соби за спиење и голема трпезарија за преку 100 луѓе.
Продукција на видеото: ИНФО КОМПАС!