ВИДЕО – Над 15.000 граѓани од општина Долнени сега личните документи ќе може да ги вадат во селото Ропотово

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Ги отвораме седмите по ред управни служби со кои ги доближуваме услугите на МВР до сите граѓани во Македонија. Со оваа услуга која ја овозможуваме во Долнени, 15.000 граѓани кои припаѓаат на Општина Долнени, заедно со граѓаните кои се од дијаспората, ќе имаат право и можност на сите оние услуги кои се поврзани со управните служби, истакна денеска во долненското село Ропотово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Да се извади патна исправа, лична карта, возачка дозвола, ќе можат да ги остварат во рамки на својата општина, многу поблиску до своите родни места, со што имаме двоен ефект, од една страна овозможуваме услугата да е многу поблиска до граѓаните, а од друга страна, Прилеп како централно место кое претходно ги опслужуваше и граѓаните на општина Долнени, ќе се олесни со оние 15.000 луѓе кои сега ќе може услугата да ја остварат во рамки на својата општина.

Претходно ваков тип на управни служби, односно доближување на оваа услуга која ја нуди МВР до сите граѓани ги имавме во општина Сарај, општина Желино, Јагуновце, Брвеница, општина Липково, Демир Капија… овие се седми по ред и секако дека ќе ги разгледаме сите можности во иднина доколку има потреба да ја доближиме оваа услуга до сите наши граѓани каде ќе има услови да се отворат управни служби и во иднина. Продолжуваме во насока на она што го ветивме пред повеќе од година дена, а тоа е максимално, колку што може повеќе да имаме достоинствена услуга на сите македонски граѓани, без оглед каде и во која општина живеат, кога се поврзани остварувањето на нивните права со надлежностите на МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми