ВИДЕО – Над 200 компании од прилепско заинтересирани за унгарскиот кредит

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од прилепскиот регион до овој момент интерес за унгарскиот кредит пројавиле над 200 компании, а 25 од нив имале целосно подготвени документи за аплицирање. Компаниите побаруваат некаде помеѓу 17 и 20 милиони евра. Регионалната стопанска комора од Прилеп ја оценува позитивно одлуката на Владата што ги проширила условите за аплицирање така што веруваат дека оваа бројка на компании од ден на ден се повеќе ќе се зголемува.

„Овие средства за прилепското стопанство ќе значат многу затоа што ќе влезат свежи пари и ќе заврти циркулацијата на парите, така што компаниите според оние информации кои ги имаме ги бараат повеќето за нова опрема и градба, така што градежниот сектор ќе може да се активира, ќе се отвораат можеби и повеќе работни места затоа сметаме дека ќе има зголемен интерес кај компаниите“, рече Никола Мариновски, претседател на Регионална стопанска комора.

Според бизнисмените, особено извозно ориентираните компании, кредитот ќе придонесол да останат конкурентни на пазарот со вложувањето во нови технологии, а обртот на пари ќе го почувствувало целото општество.

„Фактот што сега имаме предност да земиме кредит со грејс период од 3 години ни дава за право инвестициите од 3 години да ги ставиме во 1 година. А тоа ќе ни даде можност да ја зголемиме нашата конкурентска предност на пазарите каде што извезуваме, а дополнително и најбитно ќе ни даде можност да го зголемиме животниот стандард на нашите вработени. Доколку нашите 850 вработени би добиле зголемен животен стандард, зголемен приход за својот труд, ќе имаат зголемена потрошувачка, повеќе пари ќе се свртат во економијата“, додаде Ирена Јакимоска, менаџер на компанија.

Според Владата, ова е најголема сума што му е дадена на располагање на бизнис секторот под супер поволни услови. Приоритет ќе имаат производните компании, но можност да аплицираат ќе имале сите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци