ВИДЕО- Над 300 деца дел од годинешните Бадникови поворки во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Оваа година се организираше 16-тата по ред Бадникова поворка во Прилеп, а во цела Македонија поворките ги има дури во 80 градови. Годинава Прилеп ја има една од најголемите поворки со над 300 деца.

„Се надевам дека ќе бидеме исполнети, пред се дечињата и нивната радост и се надевам дека ќе ни ги стоплат срцата со нивните песнички. Подготовките течеа во најдобар ред, имавме 3 проби пред да биде овој настан, плус генералната проба. На дечињата им беа поделени материјали од нашите спонзори, а на крајот на оваа манифестација ќе бидат наградени со пригодни подароци. Знаеме сите дека Бадник е предвесник на рождеството Христово, значи на Божиќ, а децата ги симболизираат ангелите кои ни го прикажуваат симболично патот кон пештерата и кон Христовото раѓање. Исто така ѕвездите што ги носат во нивните рачиња се предвесник на Христово раѓање“, истакна Лина Димеска Стојаноски – координатор за Прилеп, здружение ,,Бадникови поворки”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци