Во црквта Света Петка во Прилеп се одржа 3 по ред Божикен конкурс на кој свои литературни и ликовни творби испратија над 400 дечиња Протоереј Љупче Петрески, в.д. старешина при храмот вели дека целта на овој конкурс е преку овие дела младите да ја осознаат смислата и радоста на Божик. За најдобрите творби се обезбедени и награди, а награда ќе добијат и сите учесници кои се пријавеби на конкурсот. Наградите ги обезбеди Витаминка и дел храмот Света Петка.
„Целта на божиќниот конкурс од самиот почеток беше сосема конкретна и јасна, преку креативноста и творечкиот израз на децата да им се доближи смислата и радоста на Божиќ, да им се доближат семејните вредности, љубовта, споделувањето и верата. Со оглед на бројот на пристигнати творби и уште повеќе со оглед на нивната креативност, длабоката духовност, искреноста итн., сметаме дека целта не само што е постигната, туку и надмината“, истакна Протоереј Љупче Петрески, в.д. старешина при храмот Света Петка во Прилеп.
Творбите беа оценувани од жири комисија составена од професори по ликовни предмети и македонски јазик кои имаа навистина тешка задача. Но она што нив ги израдувало оваа година е тоа што бројот на деца кои учествуваат бил се поголем и поголем, но и квалитетот на творбите од аспект на духовноста бил исто така далеку повреден.
„Оваа година, во нивните творби владееше таа духовност, не го знаат, не го разбираат Божиќ само како верски празник, тие го разбираат неговото значење, не е за нив Божиќ само накитената елка, богатата трпеза, подароците под елката. Во оваа тема која беше „Мојата Божиќна приказна“, секој од нив на свој начин го искажа она што го има во душата, а ние знаеме кои се тие морални вредности, љубовта, добрината, сплотеноста на едно семејство, давањето, примањето, простувањето, но сето тоа во едно, да бидеш свесен дека Божиќ не е само за тебе, да бидеш свесен дека има луѓе што страдаат, дека има болни деца, дека има војни и секакви несреќи на овој свет. Тие деца во сите свои творби покажуваат дека сочувствуваат со нив, тоа е она најголемото“, кажа Павлина Зафироска Чочкова, член жири комисија.
Темата на која годинава твореа децата беше насловена „Мојата Божикна приказна“.