Пред некој ден од Прилеп излезе песна насловена „Нашето Гето“ во изведба на прилепските ем-си Марио Џи, Скипи и Мамли. Песната е класичен старошколски хип хоп звук, и во неа се зборува за враќање назад на исселените лица во Прилеп за време на летниот период.
Исто така песната е посвета и спомен на еден од изведувачите (Скипи) кој што пред извесно време почина. Беше познат меѓу прилепчани и како член на навивачката група Мајмуни.