ВИДЕО – Најплатените и најбарани професии кај нас и во странство само во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево


Во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево се одржа Отворен ден за деветтоодделенците кои се запознаа со струките кои ги нуди ова средно училиште кај нас, а кои во моментов се едни од најплатените и најбараните, како во Македонија така и во странство.

Ова е комбинирано училиште кое нуди гимназиско образование и угостителско образование при што таму има

– 3 годишно образование:

  • за готвач
  • келнер
  • и слаткар

– 4 годишно образование за:

  • угостителски техничар
  • хотелско туристички техничар
  • ресторански техничар

Предноста за гимназиското образование е таа што тука има мали класови, а со тоа поголема е и можноста ученикот да се стекни со повеќе знаење од причина што секој ученик може да добие повеќе внимание.

Во однос на стручното образование предноста е во тоа што учениците добиваат знаења и вештини од една струка која што во денешно време е многу барана, а тоа е угостителската струка. Не само што е многу барана, туку таа е и многу платена. Зборуваме не само за државата туку и за надвор од неа. Ж

Има многу успешни ученици кои се излезени од ова училиште и кои што својот живот и професијата денес ја развиваат надвор од државата во туристички места каде што се восхитувачи платени.

Во стручното образование има дуално образование што значи повеќе часови за практична настава и со самото тоа вештините се стекнуваат многу побрзо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира