ВИДЕО : Недела на спортот во Прилеп

Со низа спортски настани кои се оддржаа денеска во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп започна неделата на спортот. Со овој настан беа означени и новите проекти кои се изградија во ова основно училиште, а станува збор за новото игралиште и новата балон сала.

 

 

„Денеска ги комплетираме во целост сите спортски објекти во нашето училиште, стартувајќи од новата балон сала, новото повеќенаменско училиште за мал фудбал, кошарка, ракомет, тениското игралиште и како  училиште сме преблагодарни на поддршката која ја имаме од локалната самоуправа  и градоначалникот Марјан Ристески“, посочи Трајче Караилоски директор на ОУ „Гоце Делчев“.

 

„Денеска е радосен ден на сите ученици, родители и на целиот колектив во ОУ „Гоце Делчев“ како и на сите спортски ентузијасти. Локалната самоуправа ги почести со едно мултинаменско училиште, балон сала, тениско игралиште и затворена спортска сала, со што ова училиште доби комплетен спортски комплекс за сите ученици и граѓани кои гравитираат во овој дел од градот“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

 

Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески го најавија и следниот капитален проект, а тоа е доуредување на другата страна од училиштето во еден преубав парк.

 

Неделата на спортот во градот ќе продолжи и во други основни училишта.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира