ВИДЕО – Николоска : Прилепчани не ги почитуваат мерките затоа се зголемува бројот на заразени – следна најстрога мерка е карантин на градот

Зголемувањето на брајот на заразени со Ковид 19 кажува дека граѓаните не ги почитуваат мерките кои сметам дека и на ова ниво се доволно ригорозни. Истакна Драгица Николоска, Центар за јавно здравје Прилеп.

 

 

„Станува збор до граѓаните, треба да се почитуваат мерките. Построги од овие мерки, следна мерка е карантин на градот. Еве нон стоп и градоначалникот зборува, и владата носи нови мерки и секој ден се менуваат, но одговорот е во граѓаните.

 

Досега имаме вкупно 250 тестирања направено, што значи секој ден од страна на матичните лекари се закажуваат од 7 до 10 тестови, по епидемиолошка индикација околу 7-8 тестови и инфективното одделение во Прилеп. Секој ден до Институтот за јавно здравје се испраќаат некаде од 15 до 25 тестови“, рече Николоска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци