Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини ќе биде во фокусот на нашето делување како Локална самоуправа во следниот мандат. Свесни сме дека квалитетните и безбедни патишта се предуслов за рамномерен локален развој, за поуспешно стопанство и за подобар квалитет на живот на сите жители во прилепските населени места, истакна кандидатот за советник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Игор Николоски.

„Секое село, секоја улица и секој жител заслужуваат подеднакво исти услови како и оние во градот. Затоа, во нашата програма предвидуваме рехабилитација на улици во руралните населби во должина од над 8.000 метри, со што значително ќе се подобри локалната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните.
Следува реализација на неколку големи и значајни проекти за реконструкција и изградба на локални патишта:
-Реконструкција и проширување на локалниот пат с. Тополчани – с. Тројкрсти – с. Чепигово,
-Реконструкција и проширување на патот с. Тополчани – с. Канатларци,
-Реконструкција и проширување на патниот правец Мало Коњари – Кадино Село,
-Реконструкција на локалниот пат Беловодица – Дрен,
-Како и изградба на нови патишта с. Бешиште – с. Полчиште и с. Ореовец – с. Крстец.Со реализација на овие проекти, Општина Прилеп ќе добие подобра поврзаност меѓу населените места, побрз пристап до образовни, здравствени и економски центри, но и многу подобри услови за развој на земјоделството, сточарството и локалниот бизнис.
Ова не се само ветувања, ова се конкретни, остварливи планови кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните. Наша цел е секое населено место да биде поврзано, достапно и функционално.
ВМРО-ДПМНЕ и нашиот тим на советници ќе бидат посветени на вистински дела, реални решенија и проекти што носат резултати, за силен Прилеп, за развиени села и за иднина која чекори напред со сигурен чекор. Затоа почитувани сограѓани на овие локални избори гласајте за бројот 9, единствениот вистински избор, додаде Николоски.