ВИДЕО- Новорита од UNITAB: Македонија има највисока откупна цена за ориенталниот тутун

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во Прилеп беше одбележан Светскиот ден на тутунопроизводителите како дел од Светскиот Форум на држави производители на ориентален тутун кој се одржува во Прилеп. Македонија на иста маса после долги години заедно ги спои Светската и Европската асоцијација. 12 држави членки дебатираа за тоа како да се задржи тутунопроизводството кое за одредени држави е од исклучително економско значење. Само Македонија годишно од тутунот има околу 150 милиони евра девизен прилив.

„Најголемите предизвици во моментов се да го заштитиме самото производство, односно да не дозволиме на одредени земји од ЕУ, Светската здравствена организација и други да го уништат овој производ кој освен што е економски тој е и социјален производ“, рече Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија на Македонија.

 

„Нема да најдете ниту еден собир или форум каде што целиот синцир на снабдување, започнувајќи од врвот па се до долу, вклучувајќи ја и Владата ќе седне на едно место и ќе разговара, единствена таква индустрија која може да го напорави тоа е индустријата за тутун. Она што ни дава сила и можност да се пренесе пораката е тоа што одиме кај одгледувачите на тутун, директно им се обраќаме разговараме со нив за да слушнеме тоа што е потребно. Тоа нема да го најдете во ниту една индустрија“, додаде Васкес Мерцедес, Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ITGA).

На најдобрите тутунари им беа доделени награди, а имаше и пригодна програма. Во однос на цената беше највено дека и годинава истата ќе се движи како лани околу 420 денари за килограм со можност за мало покачување на субвенциите. Од Европската пак асоција велат дека цената во Македонија за килограм ориентален тутун е највисока во светот.

 „И во однос на другите држави кои го произведуваат овој вид на тутун како Бугарија, Грција и Турција, немаме многу информации од Турција, но вие сте најголемиот производител на ориентален тутун со највисока цена“, истакна Пшемислав Новорита, генерален секретар на Европската асоцијација на одгледувачи на тутун UNITAB.

Ваков Форум во Прилеп се одржува по втор пат после 14 години, но сега Македонија е полноправна членка и на Светската и на Европската асоцијација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци