Стреличарството е можеби еден од спортовите кој што се најинтересни за гледање и веднаш ви остава впечаток уште на прв поглед. Ова е стрелата која секој мора да ја поседува доколку сака да се занимава со овој спорт. За жал кај нас стреличарството не е многу афирмирано од неколку причини, ете прво доколку некој сака да се занимава со него треба да има ваква опрема, но исто така треба да има лиценца и дозвола за да ја поседува оваа стрела, затоа што истата се рачуна за еден вид на оружје. Стреличарството не е толку многу експонирано во Македонија, но полека навлегува, особено кај младите.
Повеќе за него ќе ни каже нашиот соговорник Александар Костадиноски, основач на стреличарскиот клуб Стрелец од Прилеп, кој морам да кажам дека е единствен клуб во целата држава кој функционира и работи со сите потребни лиценци за овој спорт и оваа стрела. Ти ја предавам во твоите раце сега, да ни објасниш повеќе како еден човек кој сака да се занимава со овој спорт може да започне со истиот и што е потребно како опрема да се поседува?
Костадиноски: Како што ме најави, станува збор за лак кој за жал, поради законски регулативи од 2018 година е префрлен од Д во Ц категориија, така што сега лакот претставува оружје. За да се поседува еден ваков лак потребно е да се извади дозвола за оружје, исто како и за огненото оружје, со целата онаа документација, вклучувајќи и лекарско уверение. Голготата нажалост траеше 2 години додека ги комплетирав целосно сите документи, за да минатата година стреличарскиот клуб Стрелец види бел ден и да започнеме со работа. Извесно време работевме, но од оправдани причини бевме приморани да паузираме малку. Она што би сакал да кажам е дека навистина станува збор за интересен спорт, кој во комшилукот кај е доста развиен, има голем интерес, но кај нив лакот не претставува оружје и тоа е оној момент, оној камен на сопнување кој нас ни прави проблеми. Она што како информација го имам, во Македонија имаме 4 клуба во Централен регистар, мислам дека 2 се од Битола, еден од Скопје и 1 од Охрид. Но по моите инфорамции не фунцкионираат, тие се постари клубови по формирање, но поради потребните документи и дозволи за лакот тие не функционираат.
Од каков материјал е изработен еден лак како овој?
Костадиноски: Па станува збор за двојно закрилен, од четири делови ако ја сметаме и жицата, односно рачката која е алуминиумска, двата краци од алуминиум и плексиглас. Како потребни дополнителни средства за работа би бил стегачот за заштита на подлактицата, затоа што при отпуштање на жицата доаѓа до удар на подлактицата и така имаме модри подлактици. Добро е да се носи и ракавица, затоа што при отпуштање на повеќе стрели, затоа што стрелата се држи на јаболчниците на прстите. Покрај ракавица има и специјални држачи кои се кожени, ама тоа е техникалија.
Ова се стрелките?
Костадиноски: Да, ова се алуминиумски стрелки, гледате врвовите се безопасни, заоблени, доволни колку метата да ја прободат и нема никаков проблем во однос на безбедноста. Во однос на безбедноста можам да кажам и дека постои протокол за безбедност кој го напишав во програмата и мора да се почитува од сите членови.
Како се поставува една стрелка на лакот?
Костадиноски: Поставувањето е следно, може да забележите дека на стрелката има 3 перца и едното перце е со различна боја. Овие се двете жолти, а едното е црвено и се поставува на таков начин што ја пуштаме стрелката долу, ја држиме со показалецот од левата рака, се поставува и може да се спушти. Забележувате ова перце што е со црвена боја е од горната страна. Тоа е од причина што ова две перца треба нежно да поминат покрај рачката и да не направат движење во лево. Сега постојат лакови за левучари и десничари. Кој лак би се користел најмногу влијае не доминантната рака, туку доминантното око. Она кое како литература го прочитав во последно време, мора да се внимава и да се почитува доминантното око. Постојат луѓе кои имаат доминантно десно око, а се левучари. Препорачливо е да се следи десното око во тој случај. Еве конкретно јас сум десничар, но имам и десно доминантно око, при гаѓањето лакот иди во левата рака, повлекувам со десната и мерам со десното око, затоа што тоа ми е доминантно око.
Се гаѓа во мети како што имавме можност да видиме, дали за овој спорт има растојанија од колку метри треба да се гаѓа во метата?
Костадиноски:Има повеќе типови на натпреварувања, на дисциплини. Она кое го знаеме сите, ова е еден од најстарите олимписки спортови, меѓу првите е стреличарството. На почеток се гаѓало на поголеми далечини во поле и тоа го викаат field archery. Има три случаеви, едниот е гаѓање на 91 метар далечина, се гаѓа со 12 стрелки по 6 пати. Има втора помала далечина од 71 метар и третата е на 55 метри, во поле. Кога станува збор за затворен простор, далечината варира од 5 метри до 35. Во последно време, покрај како олимписки спорт, во експанзија е bare bow. Bare bow е гаѓање со лак кој не содржи никакви нишански справи. Можете да забележите овој лак има предвидено можност за да се стави тег, контра тег, нишански справи и да се гаѓа на поголеми далечини. Но она јас кое би го практикувал овде со членовите на клубот би било bare bow, инстиктивно гаѓање без нишански справи, од една едноставна причина да се опуштиме и да уживаме во спортот, а не да биде математика и физика.
Дали е потребна претходно некаква физичка и психичка подготовка за да се занимаваш со стреличарство?
Костадиноски:Точно така, во повикот за нови членови кој набргу ќе излезе, напишав, доколку ви е потребен фокус, доколку ви е потребна ментална и физичка сила, но и ново хоби, повелете. Значи за да се занимава човек со овој спорт треба прво да биди ментално јак, силен, а потоа и физички. Она кое го предвидов во програмата за работа најпрво е загревање, многу мислат дека е едноставен овој спорт и е многу лесно да се работи.
Земи го лакот и гаѓај!
Костадиноски: Да, но не е така, пробале многудуши и биле смешни. Потребна е навистина физичка сила и она во кое грешат сите е влечење на лакот со рамо. Тука настануваат најголемите повреди, правилото вели повлекуваме со грбот. Токму заради тоа секој тренинг започнува со 15 до 20 минутно загревање, да ги загрееме сите мускули кои се потребни за повлекување на еден лак.
Кој се може да биде член на стреличарскиот клуб Стрелец, каде може да ве најдат, да ве контактираат и да започнат со овој интересен спорт?
Костадиноски: Пред се прво треба љубов, сите оние кои имаат желба да се пробаат во овој спорт, сакаат да ги почитуваат правилата кои сме ги пропишале, слободно можат да ме контактираат мене, Александар Костадиноски на телефонскиот број 078 259 239 и би се договориле точно кога би бил терминот за работа со нив. Искрено овој спорт бара индивидуализам, како од натпреварувачот, но и од мене. Бројот е ограничен и не би можел да опслужувам повеќе од 4 во еден тренинг, тоа е така бидејќи буквално секое движење јас морам да го координирам, да дозволам истрелување за да се погоди метата, затоа што можат да се повредат.
Тренинзите се одвиваат најчесто во вечерните часови и во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.
Костадиноски: И минатата година работевме тука, работевме во салата, но поради преоптовареност од салата моравме да повлечиме во ходникот во кој се обезбедени сите материјални услови за да не дојде до оштетување на инвентарот на училиштето. Имам големо разбирање од вработените тука и од раководството и мислам дека ќе ја оправдаме довербата, ја оправдавме минатата година, ќе ја оправдаме и оваа година.
Се наоѓаме на околу 7 метри оддалеченост од поставената мета. Кои се првичните чекори за да започнеме со истрелување.
Костадиноски: Она кое претходно го реков, сите мислат дека е премногу едноставно и треба само да се постави, гаѓаме и толку. Значи уште далечната 1544 година, Роџер Аскин напишал правилник кој еве и до денес, после скоро 600 години се практикува. Напишани се правила кои треба да се почитуваат за да имаме правилно истрелување. Прво и најважно е ставот, тој треба да биде колку може постабилен, нозете се отвораат во ширина на рамената и се поставуваме под агол од 90 степени кон метата. Значи не сме свртени директно кон метата, туку сме свртени странично. Прво е ставот, тој треба да биде цврст, колениците малку свиткани, стомакот вовлечен и буквално човек ако сака да не поттурни да не може да не помрдни, значи цврст став како да браниме ситуација. Следно е држењето на лакот, поставуваме стрелка, стрелката како што претходно кажав се поставува со спротивната боја од горната страна и сега тука имаме држење на стрелката на два начини, едниот начин е со отворени прсти, значи стрелката е помеѓу прстите и тоа на англиски го викаат three split, или има three under кога стрелката се држи под прстите. Јас препорачувам држење измеѓу прсти. Третото е повлекување, тоа оди во висина, малку имаме повлекување на жицата за да ни биде послесно кревањето. Потоа влечење, мерење и отпуштање. Значи имаме 5 чекори.
