
Во акција изведена под тешки услови, нуркачите успешно го извлекоа автомобилот што се наоѓал на околу 30 метри од брегот и на приближно 5 метри длабочина во Прилепското Езеро. Поради слаба видливост и студена вода, интервенцијата била исклучително предизвикувачка, но благодарение на професионалната подготвеност и координација на тимот, акцијата завршила успешно без повредени.