ВИДЕО- Обедниковска: Кај нас маркетингот се разбира како трошок, а не како инвестирање во иднината на компанијата

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

За жал кај нас се уште постојат компании кои не го разбираат и не го практикуваат маркетингот. Се уште постојат компании каде воопшто нема лице кое е вработено за да се грижи за маркетингот, ниту пак контактирале некогаш со маркетинг агениција, а тоа е показател дека воопшто не се свесни за тоа што може да го добијат од маркетингот. Ова е ставот на професорката Снежана Обедниковска од Економскиот факултет во Прилеп која предава повеќе предмети од областа на маркетингот.

Според неа потребни се едукации и обуки за сопствениците и претприемачите за да се подигне свеста за бенефитите од маркетингот. Професорката Обедниковска нагласи дека за жал кај нас е лошо тоа што маркетингот се разбира како трошок, а не како инвестирање во иднината на компанијата. Иднината на малите и микро претпријатија се темелела на дигиталниот маркетинг, а придобивките од него биле огромни.

Обедниковска нагласи и тоа дека поврзувањето на маркетингот на една компанија со една лична, автентична приказна за сопственикот придонесува за поголем промотивен успех и поврзување на клиентите/муштериите со тој производ. Затоа што граѓаните сакале да стапат во контакт со луѓето позади брендот, а не само да го купат производот.

На овие и многу други теми поврзани со маркетингот погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира