КЗК денеска го даде даде потребното одобрение за старт на Оперативниот план на Владата тежок 40 милиони евра. Новина е тоа што оние мери кои лани не дале разултат се укинуваат, а средтствата предвидени за нив се алоцираат кон двете најпопуларни мерки самовработување и помош на правните субјекти за вработување на невработени лица. Главната цел на овој Оперативен план е пред се вработување на млади лица со 29 години.
„Грантовите за лица за отворање на сопствен бизнис до 29 години изнесуваат до 10.000 евра помош, додека за лица над 29 години помошта изнесува 7.000 евра. Доколку се здружат 2 лица во друштво со ограничена одговорност тогаш помошта за млади лица до 29 години би била до 20.000 евра, а за лица над 29 години до 14.000 евра, или доколку се комбинирани лица до 29 години и над 29 години тогаш помошта со здружување би била 17.000 евра. За лица до 29 години предвидени се субвенции на правните субјекти до 250.000 денари, за лица со попреченост до 220.000 денари, а за лица над 29 години доколку ги вработат ќе имаат помош од 160.000 денари“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.
Ако овие мерки ги искористиле лани 4.500 граѓани, годинава се очекува таа бројка да биде од 5.500 до 6.000 лица со алокација на средствата од мерките кои се укинувааат.
„Во овие две најатрактивни мерки оваа година ќе можат да учествуваат само лица кои имаат завршено средно образование. Исто така за прв пат се опфатени и иселениците кои ќе можат да ги користат сите овие грантови предвидени во овие 2 мерки, плус 10% од самиот грант. На пример доколку се лица до 29 години, тогаш би можеле да искористат помош од 10.000 евра, плус за повратници 10%, односно 11.000 евра. Исто е и со другите мерки кои ги спомнав претходно“, додаде Ристески.
Објавувањето на мерките од Оперативниот план ќе започне од почетокот на идната недела.