ВИДЕО- ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп достојно го одбележа ликот, делото и споменот на големиот револуционер и поет Коста Солев Рацин

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп денеска го одбележа својот патрон празник. Прво се положи свежо цвеќе на неговата бистата во дворот на училиштето, а потоа учениците приредија и пригодна програма по повод овој ден, одбележувајќи го ликот, делото, како и споменот за големиот револуционер и поет Коста Солев Рацин.

„Од 1954 година, овде,чука срцето на најголемиот револуционер поет Коста Солев Рацин. Тој пишуваше за животот на македонскиот народ, ние веќе 71  годни го чуваме, градиме и  секојдневно правиме мали чекори кон големи соништа.

Некогашната прва прилепска гимназија денес живее како основно училиште, градејќи силни, мотивирани генерации кои се вткајуваат во растот и развојот на нашава држава.

Горда сум, што сум на чело на оваа устанува, која денес се стреми да биде квалитетна, современа и образовна институција со визија за успешна и среќна иднина.

Чествувајќи го нашиот патрон, денес,  со посебни чувства, исправени пред предизвиците што ги носат новите генерации кои овде се и ќе се образуваат,  исполнети со успесите и постигањата кои сме ги постигнале, можеме само да потврдиме дека и натаму  ќе бидеме посветени наставници кои на учениците ќе им ги отвараат вратите кон новиот свет,

Го честитам патрониот празник и нема да биде нескромно во името на сите нас, вработени во ООУ „Кочо Рацин“ да посакам  Рациновите денови, да бидат векови преполни со мали чекори кои ќе остваруваат големи соништа“, истакна Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочи Рацин“.

 

„Денес ми претставува особена чест и задоволство да ви се обратам по повод патрониот празник на ООУ „Кочо Рацин“, кој го одбележуваме во чест на 117-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер, поет и мислител – Кочо Рацин. Името што го носи вашето училиште не е само симбол, туку и обврска, обврска да се негуваат вредностите на слободоумноста, правдата, знаењето и љубовта кон татковината. Рацин беше глас на народот, борец за достоинство и просветител преку зборот, вредности кои токму училиштето е должно да ги пренесе на младите генерации.

Вие со вашата посветеност секојдневно ја докажувате креативноста и љубовта кон знаењето, но и дека вложувањето во образованието секогаш дава плодови.

Како Совет на Општина Прилеп, заедно со Локалната самоуправа, остануваме цврсто посветени на поддршката на образованието и на создавањето подобри и поквалитетни услови за учење и работа. Затоа што веруваме дека секоја инвестиција во образованието е инвестиција во иднината на нашата општина и во иднината на нашите деца.

Драги ученици, продолжете да учите, да прашувате и да сонувате големи соништа. Почитувани наставници, ви благодарам за вашата посветеност, трпение и визија. А на родителите, за довербата и поддршката што им ја давате на вашите деца.

На крај, дозволете ми уште еднаш да ви го честитам патрониот празник и да ви посакам многу успеси, здравје и нови постигнувања“, истакна Билјана Кржеска, претседател на Совет на општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми