ВИДЕО – Откупени 20 милиони килограми тутун, според тутунарите на терен има уште околу 1 милиони килограми


Откупот на тутунот се очекува да заврши за 10-тина дена, далеку пред предвидениот законски рок. Досега биле откупени околу 20 милиони килограми, иако Сојузот на тутунарски здруженија во почетокот предвидуваше дека во Македонија нема повеќе од 17 милиони килограми, а откупувачите според договорите побаруваат 26 милиони килограми. Според проценките на Сојузот на терен моментално неоткупени имало уште од 700.000 кг. до максимум 1 милион килограми. Тутунот се откупува скоро целиот во прва класа по 400 денари за килограм, а тутунарите гтреба да добијат плус 100 денари субвенција.

„За наредната година веќе започнавме со преговори со откупувачите, завчера имавме состанок со Алијанса, и начечно ги договараме начините на склучување на договори, се уште за цени немаме почнато, но тоа ќе ни биде главниот акцент, и нема да дозвволиме никако да биде пониска од годинашната цена. И ќе одиме при откупот да се плаќа квалитетот, ќе бараме од компаниите да се применува законот за откуп на тутун“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунарски здруженија.

Во моментов има поделност кај тутунарите дали цената е доволна или треба да биде повисока бидејќи поскапени се и трошоците, но дел од тутунарите велат дека со 500 денари за килограм оваа земјоделска култура била во моментов најисплатлива кај нас. Но сепак бараат да се цени по класи и квалитет, а не како сега, се во една класа.

 Јас како производител на тутун со 3.000 килограми сум задоволен од оваа цена и од субвенциите кои ги најајвија од Министерството за земјоделство. Ова што сега се прави не фер откуп. Треба да се прави со класи и со квалитет, навистина ова не е реален откуп без класи“, рече Џемаљ Насифоски, тутунар од крушевско с. Алданци.

Доколку продолжело зголемувањето на цените во иднина тутунарите велат дека тутунот има перспектива, доколку се стагнира со цената и количините ќе се намалувале.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи