Порака до сите тутунари кои го предадоа тутунот во Тутунски комбинат Прилеп, како што знаете и сами Тутунски комбинат Прилеп прв ја покачи цената за 10% по класи, но ќе има уште едно покачување од 35 денари по килограм, изјави Зоран Пачешкоски, директор на ТКП, на денешната трибина со тутунопроизводителите во Прилеп.

„За да се оствари тоа покачување мора да помини на Собрание на акционери. Бордот веќе го задолжи Владата да повика Собрание на акционери кое ќе се одржи на 3 април, што значи тутунарите своите 35 денари по килограм можат да ги очекуваат на 4 и 5 април и ќе бидат исплатени ретроактивно наназад за секој тутунар што има предадено тутун во Тутунски комбинат Прилеп“, додаде Пачешкоски.