Синоќа на летната сцена на Домот за култура Марко Цепенков во Прилеп се одржа „Вариете вечер“ во рамки на фестивалот „Цело е кога се има 30“, на која беа реинтерпретирани 20 песни од титаните на македонската поезија: Блаже Конески, Коста Рацин, Константин Миладинов, Ацо Караманов, Петре М. Андреевски, Богомил Ѓузел, Гане Тодороски, Славко Јанески и други. Рецитирањето на песните беше поддржано со музика.