ВИДЕО – Поголема мобилизација на социјалното и здравствено управување за пристап до соодветна заштита на граѓаните

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Поголема мобилизација на социјалното и здравственото управување за да се изградат заедници каде секој има пристап до соодветна социјална и здравствена грижа. Ова беше целта на конференцијата која се одржа во Прилеп каде имаше претставници од Австрија, Албанија, Хрватска и Србија кои го споредуваа своите искуства. Преку Здружението Центар за развој и едукација во општините Прилеп, Долени и Кривогаштани досега се имплементираат 2 услуги „Помош и нега во домот“ и „Медицинска сестра во заедницата“ пилот проекти со кои значително се подобри ситуацијата на овој план кај социјално ранливите граѓани.

Дополнително е обезбедена дополнителна поддршка со бесплатна физиотерапија во домот, бесполатен психолог во домот, бесплатен социјален работник во домот. Сите овие услуги треба да бидат интегрирани и поврзани помеѓу двата сектори, социјалниот и здравствениот, за да на овие лице во социјален ризик да им се даде сеопфатна грижа за да можат подостоинствено и поквалитетно да живеат“, изјави Марина Тошеска, Здружението Центар за развој и едукација Прилеп.

 

Ова е за прв пат да се спојат социјалните и здравствените услуги во едно, ова е пилот, резултатите за овој краток период се предобри од она што го имаме на терен, од медицинските сестри. Социјалните услуги на локално ниво даваат одлични резултати и ние како општини, Прилеп, Долнени и Кривогаштани и ние како Меѓуопштински центар мислам дека сме еден од лидерите во државата“, додаде Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Проектот кај нас се спроведува со помош и поддршка на Австриската влада.

Фокусот е на семејства во ризик, сиромашни семејства, стари лица, лица со попречености, на нив да им обезбедиме поголема и подобра поддршка и помош во социјалниот дел“, рече Штефан Нидермосер, Австриско министерство за социјални работи.

Целта е во иднина овие проекти и многу повеќе социјални услуги да бидат финансирани и помогнати од самите држави каде се имплементираат.

Демографски се соочуваме со истите проблеми, наталитетот ни опаѓа и на нас, општеството старее и кај нас и кај вас и дефинитивно треба да најдеме некое решение за истите проблеми“, кажа Алтина Пешкатари, социјален работник од Албанија.

Беше посочено и тоа дека потребна е далеку поголема соработка помеѓу надлежните институции кај нас за подобрување на социјаните и здравствени услуги.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми