ВИДЕО- Пожарот во Мариово ќе гори со денови, ако ја премине Црна или патот ќе прерасне во најголем пожар во регионот

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Огромна огнена стихија од минута во минута го проголтува Мариово. Ова е досега најголемиот пожар оваа сезона во Македонија и според познавачите на приликите истиот ќе гори со денови затоа што теренот на кој се простира е огромен, а бројот на оние кои ги гаснат е сепак мал. Нема доволно луѓе и доброволци. Екипите на ТППЕ Прилеп, ДЗС, доброволците од друштвото „Арганхел“ од Битола, од Виница и други градови, цела вечер лавовски се бореа со надчовечки напори огнената стихија да не навлезе во селото Крушевица, но опасноста и денес е голема. Пожарот е разделен сега на повеќе краци.

На сосем друга страна, на битолската страна каде што се наоѓа селото Орле има еден крак со кој се борат битолските пожарникари, таму е ангажиран тежок булдожер кој прави противпожарна пресека. Од оваа страна, од страната на Чаниште и Крушевица работат прилепските пожарникари со поддршка на специјалните тимови на Дирекцијата со 4 пинц гауери, како и повеќе тимови на Дирекцијата составени од доброволни пожарникари од Битола, Кочани и Виница, кои исто така дадоа извонредни резултати. Голем дел од краците се испресечени, ако линијата беше повеќе од 20 километри, сега таа е прекината како што може да се види зад мене, имаме на едно место столб, но немаме непрекината линија на горење“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

 Доколку пожарот ја премине реката Црна или пак патот кој го сечи Мариово на два дела и води од Прилеп за Витолиште тогаш огнот би преминал во вистински несопирлив ѕвер кој ќе биде најголемиот пожар кој што го доживеала не само Македонија туку и регионов во 2026 година.

Затоа и апелирам до граѓаните, особено оние кои имаат куќи во напуштени села, викендици или куќи кои ги користат како викендици, да го изораат, да го ископаат дворот, да направат земјен појас и ако дворот е изоран, ако земјата нема вегетација викендицата ќе биде заштитена“, рече додаде Ангелов.

Огнот освен од земја се гаснеше и со полициски хеликоптер. Екипите остануваат на терен будно следејќи ја сиутуацијата, а се апелира секој оној може да се приклучи во гаснењето на стихијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци