Поради поројниот дожд целосно се поплави и улицата „Целе Павлоски Џгуре“ во Прилеп. Жителите во Прилеп велат дека овие поплави се случуваат веќе 20-тина години секогаш кога ќе има посилен дожд во градот. Бараат од надлежните итно решавање на проблемот, затоа што трпат штети на својот имот. Често пати водата навлегува во нивните домови и им ги поплавува подрумите.