ВИДЕО – Трибина за рак на дојка во Прилеп – од дијагноза, преку хируршки зафат, се до реконструкција на дојка

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Се повеќе се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка и тоа под 30- годишна возраст. За спречување на оваа веќе алармантна состојба потребна е едукација и подигнувањето на свеста за оваа болест. Ова беше потенцирано на трибината во Прилеп која е дел од кампањата на здружението на пациенти „Хемо Онко“ која кампања опфаќа од дијагноза, преку хируршки зафат, се до реконструкција на дојка, а истата е по иницијатива на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје.

За жал, сѐ повеќе имаме пациенти со рак на дојка. Сакаме скринингот да се превенира и затоа апелираме на ран скрининг, на рани прегледи, на самопрегледи на пациентите, но кога ќе се постави дијагнозата, патеката понатаму е покомплицирана и добро е да им се објасни на пациентите кои се вистинските чекори кои треба да ги преземат, објаснува Милица Кузмановска, потпретседател на здружението „Хемо Онко“.

Беше потенцирано и тоа дека без разлика за што ќе се одлучат пациентките кои за жал ги има и под 30 години, како дел од овој третман важна е и реконструктивната хирургија.

Како здружение, сметаме дека треба да се зборува и колкава е желбата на пациентките по преживувањето на канцерот, по поминувањето на терапиите да се почувствуваат како целосни, како жени, иако тоа е лична одлука. Не секоја од нас се одлучува за пластична реконструкција, но треба да им дадеме можност на пациентките да бидат информирани и секоја пациентка да знае кои се нејзините опции и во овој дел на третманот, вели Ана Маријановиќ, онколошки пациент, здружение „Хема Онко“.

Ова е прва ваква трибина во Прилеп, а како дел од кампањата ќе се одржат трибини и Кавадарци, Тетово, Гевгелија и Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци