ВИДЕО- По 20-ти јубилеен пат Прилеп ќе ја одбележи Градската слава Свети Никола – домаќини Матадор и Бимфуд

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


По 20-ти јубилеен пат Прилеп на 19 декември ќе го одбележи својот патрон празник, заштитникот градот, односно градската слава Свети Никола. Годинава домаќини се прилепските компании Матадор и Бимфуд. Како и секоја година одбележувањето започнува со Божествена литургија во црквата Св. Благовештение, а потоа се прережува славскиот колач во центарот на градот кај параклисот на светителот. Се враќа традиционалното виткање на сарми од прилепските домаќинки.

Се потрудивме да ја вратиме традицијата за славење на празникот, акцент дадовме најмногу на традицијата и го враќаме традиционалното виткање на сарми. Има неколку здруженија на жени кои од понеделник веќе ќе почнат со припреми и со тоа сакаме да дадеме акцент сепак на традиционалните вредности кои некако на сите ни фалат во последно време во нашиот град и државата. Начинот на кој ќе биде послужена храната, ќе бидат ланч пакети, ќе биде паковано, ќе има греано вино, греана ракија, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ ќе бидат поставени шатори во кои ќе се служи храната и тука ќе се конзумира. Поентата е целиот тој настан да се одбележи заедно со граѓаните на Прилеп и Македонија, а ќе има и голем шатор во кој ќе бидат поканети гостите. Се ќе биде на едно место, заедно со народот“, вели Игор Стефанов, домаќин на градската слава.

 

Сакам со голема чест да ги поканиме сите на 19 декември, да ја одбележиме традицијата и да го прославиме Свети Никола, заштитник на нашиот град“, рече Милан Биќанин, домаќин на градската слава

На плоштадот ќе бидат поставени шатори, ќе има греено вино и ракија за секого, како и посна трпеза составена од посните сарми, грав и риба. Нема да има поделби како други години, туку сите и домаќините и гостите и народот, ќе седат сите на иста маса на отворено.

Да си ја продолжиме традицијата која на сите ни значи, со тоа покажуваме дека градиме заедништво, го имаме заедништвото и само дополнително го зајакнуваме и во име на религијата, но и во име на оној социјален аспект дека навистина овој град заслужува да има ваков ден и во овие 20 години сме покажале дека сме единствени по тоа. Гледаме дека нашиот пример го следат и други градови“, кажа Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп

 

Има музички групи, соло пеачи, изложби, спортски натпревари со хуманитарен карактер. Годинава ќе не забавуваат „Тајфата“, кои ќе бидат дел од таа празнична атмосфера, а во Центарот за култура „Марко Цепенков“, во ликовниот салон ќе биде поставена изложбата на икони која е насловена „Уметниците во чест на Свети Никола“, вели Снеже Ристески, советник за култура во Општина Прилеп.

Идната година домаќини на Градската слава ќе бидат од компанијата Рустика. Инаку Градската слава Прилеп ја воведе во 2006 година, бидејќи половината од жителите за куќна слава го имаат Свети Никола, а другата половина им одат на гости. Во 2008 година Прилеп влезе и во Гинисовата кнга на рекорди со виткањето на 80.191 мала посна сарма, симболично по една сарма за секој жител на општината во тоа време.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми