Во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков вечерва по 3 пат се одржа манифестацијата 13 Величествени во организација на Радио Пела. Ова признание го добија 13 наши сограѓани и 5 мина млади кои со својата работа и ангажман придонесле за подобрување на квалитетот на животот во заедницата и афирмација на Прилеп.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
„13 Величествени манифестација на Радио Пела, ја организираме по 3 пат. Повод и причина е да му дадеме значење на луѓето од нашиот град за тоа што ти придонесле претходната година со својот личен ангажман и својата професионалност за една подобра заедница. Избираме 13 Величествени луѓе кои што сметаме дека направиле нешто за заедницата и оставиле свој белег. Начинот на избор е она што го објавувата медиумите, кога медиумите го забележуваат интересот тоа значи дека навистина треба да дадеме едно внимание на луѓето кои не опкружуваат и драго ми е што вака голем број на луѓе ќе имаат можност да ја видат манифестацијата. Неа ја организираме веќе 3 години, направивме еден прекин за короната, но верувам дека ќе стане една наша традиција и ќе претставува едне вид на прилепски оскари“, истакна Елизабета Филипоска, Радио Пела.
„Зошто манифестација 13 Величествени во Прилеп, затоа што локалните медиуми и дописници се многу важни за локалните заедници во Македонија. Сакаме со ова да поттикнеме за оние кои одлучуваат и оние кои сакаат понатаму да поттикнат развој на локалните медиуми и дописништва дека медиумите и новинарите се гласот на народот. Она што новинарите го забелележале, она што го удостоиле за критика или пофалба тоа значи дека народот знае, јавноста знае и треба уште повеќе да се цени. Во манифестацијата во изборот на 13 Величенствени и 5 мина млади има повеќе лица, компании и здруженија кои со својата работа, со својот ангажман допринеле за развој на заедницата и го свртиле вниманието на медиумите. Има од сферата на културата, спортот, новинарството, економијата, опфатени се сите сфери од локалната заедница во Прилеп“, вели Гордана Цветаноска, Радио Пела.