Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“, просторија од каде тие ќе си одат дома заедно со нивните родители, а иницијативата и собирањето на средствата за овој проект е на неформалното Здружение на мајки на предвремено родените бебиња. Ова здужение веќе 7 години по ред на 17 ноември го одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња и активно работи на подобрување на условите во неонаталошкото одделение во прилепската болница преку собирање на донации од општествено одговорните компании од Прилеп.
„Голема благодарност до локалните компании кои ја препознаа нашата цел и се вклучија кој со директни донации, кој со нивни производи на пазарот. Нашата главна цел, како и секој година, и оваа ќе биде да ги подобриме условите на неонаталошкото одделение и да обезбедиме подобра грижа и поквалитетни услови за мајките и за нивните најмали борци. Ова би било покана до сите локални компании кои би сакале да нѐ поддржат на било кој начин. Оваа година главната цел ќе ни биде да реновираме една соба во која би ги испраќале бебињата од неонаталошкото одделение, заедно со нивните родители. Исто така во припрема сме на хуманитарниот концерт кој секоја година се оддржува пред Нова година во „Марко Цепенков“ и со финансиите се надевам дека ќе направиме едно удобно катче и еден убав ѕид кој ќе го украси одделението на болницата, каде родителите и децата би се фотографирале на заминување“, изјава Данче Оклеска, неформалното здружение на мајки на предвремено родените бебиња.
Ова ќе биде најпозитивната соба во болницата, бидејќи неонаталошкото одделение е единствиот оддел во болницата каде се оди со голема радост, а од каде се излегува со уште поголема среќа.
„Единственото место во нашата болница каде што се доаѓа за убави моменти е нашето одделение, неонаталошко. Во нашето одделение се најмалите пациентчиња, новородените бебиња на кои понекогаш им треба наша помош за да го продолжат својот живот како здрави дечиња“, кажа Македонска Калпакоска, медицинска сестра на неонаталошкото одделение.
Неформалното Здружение на мајки на предвремено родените бебиња успеа за овие години значително да ги подобри условите на неонаталогија со голем број донации, а можеби и токму затоа годинава бројот на новороденчиња во Прилеп за разлика од лани до овој период е зголемен за над 40 раѓања
„Како статистика, за споредба во однос на лани, оваа година имаме 43 раѓања повеќе од лани. Значи лани сме имале 330, годинава имаме 373 до овој момент и би го надминале бројот 400, кој го имавме лани до крајот на годината, значи би имале 450, здравје Боже и повеќе. Уште едно одделение плус во основните училишта. Голема благодарност да изразиме до донаторите кои лани донираа премногу, еден монитор за потребите на неонаталогија и детско одделение подарен од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, од претседателката Билјата Кузманоска, исто така со парите од донацијата опремивме и магацин за складирање на сите потребни материјали кои служат на неонаталогија, како пелени, чаршавчиња, храна, значи сето да биде складирано и затворено како што треба во убав простор, чисто за бебињата. Исто така имавме и нов пулсоксиметар со 5 мажетни, кој се надоврзува на мониторот кој ни беше даден и тоа е од огромно значење за нашите најмлади, за нашите новороденчиња. Со тие пулсоксиметри имаме детален преглед на сите витални параметри кај едно новороденче. Да не го заборавиме и прочистувачот од „Спар“ за вода, кој ни го донираа на неонаталошкото одделение, нормално каде што треба најмногу да биде чисто. Од „Инако“, денес се донираа двете „Тесли“. Лани беа присутни најмногу со нивни производи, перници, јоргани…“, изјави Гордана Кафеџиоска, главна сестра на прилепската болница.
Денеска општествено одговорната компанија ИНАКО донираше два клима уредуи за одделението, а ова не е нејзина прва донација за болницата.
„Дониравме 2 клими кои се потребни за да се подобрат услови на дечињата и родителите кои во тој момент се најсреќни и сакаат да си ги преземат, да си ги однесат дома.
Ова е прв пат да донирате за ова одделение?
Не е прв пат да донираме за ова одделение, не е ни прв пат да донираме за болницата, имаме направено неколку донации во болницата во Прилеп, но исто така имаме донации кои се и ширум Македонија, имаме донирано во Битола, во Охрид и други градови“, рече Надица Гегоска, менаџер за здравје и безбедност при работа во ИНАКО.
И годинава на 17 ноември во прилепската болница ќе се се одбележи Светскиот ден на предвремено родените бебиња, се повикуваат сите компании и физички лица кои сакаат да донираат за подобрување на условите на неонаталошкото одделение да присуствуваат на овој ден и сите да бидеме дел од нашата иднина.