Димитар Иваноски од Прилеп го освои првото место на Интернационалниот фестивал „Tryavna Music Cup“ кој што се одржа во бугарскиот град Трјавна, на кој учествуваа над 400 натпреварувачи од целиот регион. Иваноски беше најдобар во својата категорија освојувајќи ја првата награда и достоинствено претставувајќи ја нашата Македонија и Прилеп. Освен наградата Иваноски доби и големи пофалби од директорот и жирито на Фестивалот.
Димитар пее веќе шест години, а исто толку и посетува часови по соло пеење кај Денис Димоски кој е член на Македонската Опера и Балет и учесник на детската Евровизија.
Има учествувано на повеќе од десетина Интернационални натпревари, има две негови авторски песни и има освоено три први места и неколку втори и трети места на повеќе фестивали и натпревари.
На 29ти мај беше и единствен претставник од Македонија на педесеттиот јубилеен фестивал за детски песни во Ниш, „Мајска Песма“ кој фестивал е еден од најстарите детски фестивали на овие простори, на кој настапи во живо со неговата последна авторска песна „Нов почеток“ пропратена со камерен оркестар од 30 членови и детски хор од 50 членови и како и сега во Бугарија ја воодушеви и публиката и жирито и организаторите.
Иваноски на последниот државен натпревар во пеење како претставник на своето училиште „Блаже Конески“ освои прво место.