Голема благодарност до граѓаните кои ја дадоа поддршката за ваков да биде изборот, голема благодарност до координаторот од извршниот комитет, почитуваниот господин Александар Николоски, потпретседател на нашата партија и вице премиер на Владата, благодарност до сите оние луѓе кои што најдоа храброст да се вклучат, затоа што едни вакви тешки времиња бараат храбри и одлучни луѓе, луѓе кои ги претставуваат сите сфери на општественото живеење и луѓе кои ќе дадат дополнителен импулс во развојот на овој град, истакна вечерва во Прилеп, Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Верувам дека со еден ваков тим каков што го имам во советничката листа и со мене како кандидат за градоначалник и иден градоначалник на општина Прилеп, ќе покажеме навистина дека Прилеп на почетокот кога ја градеше оваа држава ги даде најголемите херои и ги даде најуспешните луѓе кои тргнаа напред, ја формираа оваа држава и сега, во втората и третата деценија на 21 век луѓе кои имаат храброст, одлучност и голема обврска кон сопствените сограѓани да одат понатаму, да го развиваат овој град и да го направат навистина она што е, што треба да биде, европски град на култура, град на среќни граѓани, град кој што опкружува среќни и успешни луѓе. Во ваква една соработка со една ваква влада која што е толку проактивна и спушти огромен дел од средствата кон локалната самоуправа за развој и на инфраструктурата, на комуналната инфраструктура, комплетен развој на локалните самоуправи во Македонија, дека навистина ова што ви го говорам дека Прилеп во иднина ќе има еден сосема нов и поразличен лик од овој што денес го има“, исткна Проданоски.