Целта на „Прилепска празнична приказна“ е полека да го вратиме луѓето кон центарот на градот, а тоа значи директно заживување на срцето на градот, старата прилепска чаршија и затоа пристапивме со еден ваков партнерски однос со компанијата Витаминка за да има понуда која ќе привлече наши сограѓани во центарот на градот, а со тоа сметаме дека тие би предизвикале и одредено потрошување во старата чаршија и оосбено би бил горд ако ова како програма излезе од рамките на Прилеп, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прлеп.
„Би ги искористиле сите можности заго изрекламираме сето ова, да ја понудиме нашата програма, и со едно комерцијално рекламирање за привлечеме наши сограѓани од државата, па во иднина ако е можно и жители на други држави од соседството. Да си ги забавуваме сопствените граѓани, да дадеме друга поразлична димензија на дочекот на Новата година, а понатаму да привлечемеи туристи кои би биле потанцијални потрошувачи во нашиот град.
Упатувам апел до сите компании дел од забавите кои ги прават предновогодишни да се случувата на ова место, ќе има бесплатна музика, добра понуда од куќарките на базарот за да се купи, храна или пијалок. Осветлувањето е на товар на градот и за истото се потрошени 2 милиони денари“, додаде Проданоски.