ВИДЕО- Проданоски: Реконструкција на речното корито од Сточен Пазар до градскиот базен Маркови Кули и новиот мост на ул. „Победа“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Време е Градската Река да стане наша гордост. Од заборавена и запуштена, таа ќе се претвори во жив простор за сите генерации на Прилеп. Ова е уште еден од нашите приоритетни проекти. Реконструкција на речното корито од населбата Сточен Пазар до градскиот базен Маркови Кули и новиот мост на ул. „Победа“, или вкупно 4,5 километри должина, истакна Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„На површина од повеќе од 14 хектари, ќе изградиме пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување. Со новите пешачки мостови и реконструкцијата на коритото ќе ги поврземе двата брега во градот, отворајќи нови комуникациски правци и олеснувајќи го пристапот на нашите сограѓани кои живеат во населбите покрај реката.

Нашата цел е јасна: Уреден кеј за рекреација, дружење и семејни активности, чист и безбеден за сите граѓани.

Со овој проект ќе создадеме модерен и функционален простор кој ќе го трансформира централниот дел на Прилеп во симбол на чистота, убавина и напредок. Простор кој што ги поврзува луѓето, ги охрабрува да се рекреираат, да се дружат и да уживаат во природата. Оваа трансформација со сигурност значи подобрување на квалитетот на живот во општина Прилеп.

Со реконструкцијата ќе ги поврземе населбите околу реката и ќе го олесниме пристапот за сите граѓани, без разлика дали живеат блиску или подалеку од центарот на градот. Пешачките и велосипедските патеки ќе го направат движењето низ градот побезбедно, полесно и поубаво.

Чистењето и уредувањето на реката е особено значајно за животната средина, со што уште еднаш би го докажале епитетот на Прилеп како најзелена општина во Република Македонија.

Тоа значи дека се грижиме за иднината на градот, ги зачувуваме водните ресурси и создаваме простор што ја подобрува екологијата и квалитетот на воздухот во Прилеп. Почитувани сограѓани, Градската Река ќе стане симбол на новиот Прилеп,  место каде природата и урбаната убавина се спојуваат, и каде што децата ќе растат во чист и безбеден град“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми