ВИДЕО- Проданоски: Се покачија платите на образовните и здравствени работници, ќе се вработат и 600 приватни специјализанти, а решение ќе земат над 1.000 здравствени работници


Од кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт, покачени се платите на сите образовни работници, од основното до високото образование. Покачени се платите на вработените во здравството, ќе се вработат 600 приватни специјализанти, а решение ќе земат над 1.000 здравствени работници кои се сега со договор на дело, истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, пратеник од Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Проданоски посочи и тоа дека повисоки плати ќе земат и вработените во МВР и во јавната администрација, а ќе имало и повисока минимална плата согласно законот, а доколку на ЕСС се договорат синдикатите и работодавачите, владата ќе ја прифатела таа минимална плата.

„Додека СДСМ критикува, во моментот се исплати првата транша на евтини кредити кон стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот повик“, потенцираше Проданоски.

 

 

🎥 Пресс конференција – Дејан Проданоски

Од кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт, покачени се платите на сите образовани работници, од основното до високото образование.

Покачени се платите на вработените во здравството, ќе се вработат 600 приватни специјализанти, а решение ќе земат над 1.000 здравствени работници кои се сега со договор на дело.

Повисоки плати ќе земат и вработените во МВР и во јавната администрација.

Ќе има и повисока минимална плата согласно законот, а доколку на ЕСС се договорат синдикатите и работодавачите, владата ќе ја прифати таа минимална плата.

Додека СДСМ критикува, во моментот се исплати првата транша на евтини кредити кон стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот повик.

Posted by Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ on Четврток, 6 март 2025

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира